Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Шоуто на Елен“ продолжува на Телма со новата 17-та сезона
Премиерни изданија во 14.30 часот, а репризите се по ноќниот филм, по полноќ

„Шоуто на Елен“ продолжува на Телма со новата 17-та сезона

Позитивна и харизматична, оригинална и несебична, праведна и уникатна. Елен ќе ги руши сите табуа во интересното американско шоу кое продолжува на телевизија Телма. Од понеделник до петок во 14.30 часот, попладне со Елен Деџенерис.

Популарното шоу на американската глумица, шоумен, ТВ водителка и борец за човекови права, Елен Деџенерис продолжува на телевизија Телма. Секој работен ден по “Бекстејџ” во попладневните часови сме гости и ние, гледачите во шоуто на Елен.

И во оваа незаборавна сезона, Елен ќе ве насмее со нејзиниот автентичен хумор, но и со моќните пораки кои ги носи и со кои ги менува животите. Шоуто на Елен е наградено дури 79 пати.

Пред нас е 17-тата сезона со многу возбудливи гостувања на личности од шоу бизнисот, многу награди за публиката и многу сатира и забава за гледачите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жанко З’ш со познатите фолк ѕвезди во нова меана на ТВ Сонце

Нова телевизиска меана во која домаќин е Жанко – З’ш. Македонска музика, хумор и забава …

error: Содржината е заштитена!