Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Играјте „На тепка“ онлајн со Ненад и освојте интересни подароци

Играјте „На тепка“ онлајн со Ненад и освојте интересни подароци

Во време на лоши вести и пандемија кога во медиумите слушаме само негативни информации, пред почетокот на празниците започна првиот он-лајн квиз во Македонија, „На Тепка”.

Иако изгледа како телевизиски проект сепак квизот можете да го гледате само на интернет преку стримингот во живо на Фејсбук фан страната и Јутјуб каналот на квизот „На Тепка”. За сега неговото емитување е двапати во неделата во среда и недела во 21:00 часот, но секако штом добиеме повеќе подароци и нови пријатели неговото емитување ќе го зголемите – вели Ненад Ѓоргиевски продуцент и водител на квизот.

Веќе се емитуваа две изданија, а натпреварувачите кои можеме да ги видиме со нивно видео вклучување лесно и низ забава добија вредни награди и изненадувања. Во секое ново емитување на квизот има нов ексклузивен спонзор со нови награди а меѓу наградените е Кристијан Јефтиќ од Скопје, кој се натпреваруваше со своето семејство и освои телевизор.

Доколку барате интересни содржини додека седите дома следете ги фан стрaните на квизот пријавете се за учество, освојте вредни награди и забавувајте се со целото семејство!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Код“ на Снежана Лупевска направи реконструкција на трагедијата

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани починаа 59 лица, а над 155 беа повредени. …

error: Содржината е заштитена!