Почетна / Забава / Изберете нов дизајн на постерот за „Макфест 2013“

Изберете нов дизајн на постерот за „Макфест 2013“

 

Подготовките за 28. издание на фестивалот на музика „Макфест 2013“ влегуваат во завршна фаза. Наскоро на првата традиционална прес конференција ќе бидат објавени имињата на учесниците и на композициите, но во меѓувреме, организаторот на фестивалот, Општина Штип и организациониот одбор, одлучија да ги вклучат и љубителите на музиката ширум Македонија во фестивалот „Макфест“.

 

 

Имено, за разлика од минатите години, оваа година подготвени се четири идејни решенија за ликовно-графичкото решение за постерот за фестивалот.

Општина Штип, на официјалниот фејсбук профил (Општина Штип Македонија) ќе ги претстави сите четири решенија а посетителите најдоцна до недела ќе имаат можност да гласаат за својот фаворит. Дизајнот кој ќе добие најмногу гласови ќе биде избран за официјален постер и заштитно ликовно-графичко решение за 28.то издание на „Макфест 2013“.

Се повикуваат сите фејсбук сурфери, да го посета профилот на Општина Штип, каде што сите дизајни се обележани како „Верзија“ од 1 до 4. Можат слободно да гласаат за она идејно решение кое им се допаѓа, под самата објава, или можат да испратат и електронска порака на е-маил адреса: makfest@ popstar.com. Гласањето завршува во недела во 12:00 часот на пладне.

Избраното идејно решение ќе биде официјално претставено на првата прес конференција. Инаку мотото на годинашново фестивалско издание е „Враќање на корените“.

Во продолжение погледнете ги 4 варијанти и одлучете за која да гласате:

 

 

 

 

 

 

Општина Штип

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие места може да набавите влезници за концертот на Ерос

Резервирајте ги вашите омилени места во А1 Арената и спремете се за одлично италијанско шоу …