Почетна / Забава / Евровизија / И Велика Британија се откажа од детската Евровизија

И Велика Британија се откажа од детската Евровизија

Велика Британија нема да учествува на Јуниорската Евровизија 2024 година во Мадрид, Шпанија. Би-Би-Си го потврди своето повлекување од овогодинешната Детска Евровизија.

Причината за откажувањето е малата гледаност на овој фестивал и со тоа буџетот ќе се префрли на главната Евровизија. Велика Британија учествуваше на Јуниорската Евровизија од нејзиниот почеток во 2003 до 2005 година, и потоа беше отсутна цели 17 години. Беа на второ, трето и 14 место. Тие се вратија дури во 2022 и 2023 година и беа на 4 и 5 место.

Во 2018 и 2019 година, Велс се натпреваруваше на Јуниорската Евровизија. Велшкиот радиодифузер можеше да учествува на настанот поради отсуството на Велика Британија.
Засега на Јуниорската Евровизија се пријавени само 12 земји меѓу кои и Македонија, која пак две години по ред е отсутна од главната Евровизија, вистинскиот ТВ спектакл кој за разлика од Јуниорската Евровизија го следат 280 милиони гледачи од целиот свет.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Копров: Апел до Министерство за култура да одвои пари за Евровизија

Григор Копров, еден од најпознатите македонски поп композитори и хитмејкер, кој работел со многу ѕвезди …

error: Содржината е заштитена!