Почетна / Филм / Акцијата на „Кингсмен“ продолжува и во вториот дел во недела на Сител

Акцијата на „Кингсмен“ продолжува и во вториот дел во недела на Сител

Филмот „Кингсмен: Тајната служба“ во сабота ќе не воведе во светот на Кингсман, независна меѓународна разузнавачка агенција чија главна цел е да го направи светот побезбедно место.

Во првиот дел ја следиме приказната за една тајна шпионска организација која за својата тешка програма за обука регрутира едно бунтовно но надежно дете од улица, во време кога се појавува закана од еден изопачен гениј.

Во продолжението пак, хероите се соочуваат со нови предизвици. Кога нивното седиште е уништено, тие наидуваат на слична организација од САД, која е основана во исто време со Кингсмен.

Овие две елитни агенции ќе мора да ги надминат сите свои разлики за да се борат против безмилосниот заеднички непријател.

Недела во 22.40 часот, премиерно на Сител – вториот дел од високобуџетната акција “Кингсмен”. Бидете со Сител и ова лето со програма за сите генерации и вкусови.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саботна вечер на Телма со шпанската комедија „El inconveniente“

Севиља (Андалузија, во јужна Шпанија), 2019 година, Сара е успешна во работата со животни осигурувања. …

error: Содржината е заштитена!