Почетна / Живот / ИНРЕКОМ го истражува дигиталното банкарство во Македонија

ИНРЕКОМ го истражува дигиталното банкарство во Македонија

Колку и како се спроведува дигиталната трансформација во банкарскиот сектор во Македонија? ИНРЕКОМ ја анализира имплементацијата и придобивките од дигиталното банкарство во понудата на македонските банки. Добиваат ли корисниците од државата услуги како оние од западниот свет, во време кога животот во дигиталната ера го прави чекањето ред на шалтер проблем на минатото.

Токму затоа, модерното време бара модерни решенија за предизвиците. Банките забрзано се модернизираат и доживуваат дигитална трансформација, преку воведување на електронско банкарство, без разлика дали станува збор само преку интернет сајт на компјутер или пак преку мобилна апликација.

Оваа трансформација ќе го намали метежот пред експозитурите, а ќе донесе придобивки при плаќањето кое може да се прави од комфорот на својот дом, било кога и било каде. Немањето кеш средства со себе или пак заборавената картичка дома, ќе биде решено со мобилна апликација која ќе донесе плаќање преку смартфонот.

Институтот за развој на електронски комуникации истражува каква е состојбата со имплементацијата и функционалноста на електронското банкарство и колку македонските банки се адаптирале на новиот тренд. Истражувањето покажува делумно разочарувачки бројки, па така само 2 од 14 банки имаат мобилна апликација која овозможува безготовинско плаќање преку NFC стандардот, додека пак две помали банки воопшто немаат мобилна апликација.

Како Македонската Банкарска Асоцијација може да помогне во отпочнувањето процес на промотивни кампањи за зголемено користење на електронското банкарство?

За целосната анализа, може да се информирате на официјалната страна на Инреком, на следниов линк, каде може и да ја погледнете анализата на стручниот тим :

Електронско банкарство: Дигитална трансформација во Македонија

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тажна вест | Почина Љубисав Иванов – Ѕинго, првиот човек на Силекс

Во 84та година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!