Почетна / Серии / „Наркосите“ на Телма во новите епизоди се „селат“ во Мексико
Уште едно ремек дело на Нетфликс

„Наркосите“ на Телма во новите епизоди се „селат“ во Мексико

Од Колумбија, продуцентите на “Наркос” се селат во Мексико. Како започна и како се развиваше илегалната трговија со дрога, oвојпат во Мексико? Дали е истиот почеток како во Колумбија, или овојпат војната на картелите се одвиваше по сосема поинакви правила?

Во продолжение на “Наркос”, на телевизија Телма започна со емитување “Наркос : Мексико”, од понеделник до четврток во 22.15 часот.

Во мексиканските наркоси, се запознаваме со Мигел Анхел, бивш мексикански полицаец кој решава да формира бизнис империја во Мексико, благодарение на шверцот со марихуана. Затоа што мексиканската војска ги уништува илегалните полиња во Силаоа, Мигел Анхел му предлага на главниот нарко бос во Силаоа да го преместат бизнисот во Гвадалахара. Така започнува неговата авантура на патот кон формирање на моќниот мексикански картел Гвадалахара.

Но, од другата страна, картелот ќе се соочи со американската институционална и полициска формација, која мора да го сопре нелегалниот шверц меѓу границите. Затоа, во Гвадалахара е пратен младиот ДЕА агент, Кики Карамена. Ќе успее ли тој да го порази Мигел Анхел и да застане на страната на правдата, покрај толку корумпирани мексикански власти?

Улоги : Michael Peña, Diego Luna, Tenoch Huerta Mejía, Alyssa Diaz, Joaquín Cosío, José María Yazpik, Matt Letscher, Ernesto Alterio​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!