Почетна / Телевизија / ИНРЕКОM: Додворувачки владини измени на законот за медиуми

ИНРЕКОM: Додворувачки владини измени на законот за медиуми

Институтот за развој на електронски комуникации – Инерком Скопје смета дека најавените измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не треба да бидат усвоени и ги повикува Владата и Министерството за информатичко општество и администрација да го преиспитаат предлогот.
Новите предложени измени и дополнувања не се нови, истите тие барањата се веќе видени од страна на Асоцијацијата на петте национални терестријални телевизии, како и фактот дека исти такви беа предложени во Собранието преку група пратеници и во Ноември месец минатата година, но без делот со обврските за телекомуникациските оператори. Вакви обиди да се измени Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги имаше и за време на вонредната состојба поради корона кризата, преку владините уредби со законска сила, но истите мораа да се укинуваат или нивното дејство беше „замрзнато“ од страна на Уставниот суд. Нашиот коментар на предложените измени ќе се подели во два дела: едниот ќе се однесува на телекомуникациските оператори и телевизиите а вториот дел ќе се однесува на радиодифузерите и јавните кампањи.

ИНРЕКОМ поставува легитимно прашање: дали овие владини измени воочи можната предизборна кампања, се со цел Владата да не добие нов тивок бојкот од петте национални радиодифузери? Затоа, Институтот ги повикува сите засегнати страни да седнат на заедничка тркалезна маса и да се започне процес на донесување на целосно нов Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој ќе биде целосно усогласен со европските директиви и регулативи, но и ќе биде компромис на сите засегнати страни во Македонија.

Целото соопштение може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Алфа телевизија прослави 16 години постоење во етер

Алфа ТВ е приватна национална телевизија, која започна да емитува програма на македонски јазик на …

error: Содржината е заштитена!