Почетна / Сапуници / Тајни и опасни игри во „Сведок на судбината“ наскоро на Сител
Останете со ТВ Пакет и во иднина и дознајте дали и кога ќе продолжи серијата

Тајни и опасни игри во „Сведок на судбината“ наскоро на Сител

За љубителите на вистинските драми, следува нова приказна ексклузивно на Сител. Нова играна серија од авторите на најпознатите трилер драми од Турција.

Два сосема различни света на чекор да се спојат кога најмалку очекуваа. И двајцата ќе ги зближат големите тајни од минатото заплеткани во црнилата на нивните семејства. Тајни кои ќе донесат лавина на акции и пресметки со подземјето и тајни кои ќе ја стават љубовта на тест кога вистината ќе почне да испливува на површина.

Доаѓа време за наплата на сметките во кое никој нема да биде поштеден. Време на војна меѓу чесните и неправедните, меѓу добрите и лошите, меѓу предаторот и пленот. Време во кое една игра ќе стане пресудна за спас на вљубените и разоткривање на тајните од минатото.

Бидете со Сител и очекувајте ја трилер драмата за една голема љубов завиена во големи тајни. “Сведок на судбината” доаѓа на телевизија Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Трите сестри“ заминуваат на летен одмор, но една од нив останува со вас

Вечерва на Сител телевизија ќе биде емитувана последната епизода за оваа сезона на “Трите сестри”. …

error: Содржината е заштитена!