Почетна / Живот / ИНРЕКОМ : Дали е македонскиот интернет имун на корона вирусот?

ИНРЕКОМ : Дали е македонскиот интернет имун на корона вирусот?

Корона-кризата во Македонија ги „закова“ македонските граѓани пред своите компјутери и мобилни уреди. Единствената социјализација која сега се практикува е онаа во виртуелниот свет, интернетот и мобилните линии се вжештија, притисокот врз мрежната инфраструктура во Македонија расте. Во време кога поголем дел компании работат од дома, учениците следат онлајн-настава, а и политичарите сè почесто користат видео-конференциски врски за состаноци и средби, со право се поставува прашањето дали интернет-мрежата ќе успее да го издржи притисокот од значително зголемениот сообраќај.

Социјалното дистанцирање наметнато од вирусот кој го стави светот на колена ги затвори граѓаните во домовите пред своите технолошки уреди, кои сега им се единствен прозорец кон светот. Граѓаните ширум Европа веќе ги чувствуваат последиците од оптоварувањето на интернет мрежите, но и хардверските хостинг опслужувачи.

Како ќе се развива состојбата со зголемениот метеж низ телекомуникациските канали, прашавме во операторите и Агенцијата за електронски комуникации. Од АЕК смируваат дека не постои опасност од крах на системот во мрежната инфраструктура во државата, но може да дојде до проблеми во дистрибуцијата на услугите поради мрежната преоптовареност.
Сепак, од операторите не најдоа време, ниту интерес да одговорат на нашите прашања за состојбата со нивната мрежна инфраструктура, како и рационализација при користењето на ресурсите. Одговори изостанаа и на нашите прашања за тоа каков ќе биде пристапот кон наплатата од корисниците и дали операторите ќе ги следат препораките на АЕК за пролонгирање на исклучувањето при неплатени сметки. – oбјаснува Инреком.

Од Асоцијацијата на Европските телекомуникациски мрежни оператори(ЕТМО) советуваат корисниците да користат повеќе повици или кога гледаат видеа, тоа да не биде со висок квалитет, туку да се префрлат на стандардната опција.
Целокупната анализа, одговори на надлежните и препораки на Институтот за развој на електронски комуникации, погледнете на официјалната страна :

Дали е македонскиот интернет имун на коронавирусот?

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта

Филхармонија во четврток на 17ти септември 2020 година (20 часот) ќе одржи симфониски концерт на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!