Почетна / Филм / Европски комедии и американски СФ хорор оваа недела на Алфа

Европски комедии и американски СФ хорор оваа недела на Алфа

Секоја вечер, од понеделник до недела, телевизија Алфа емитува игран филм во ноќниот термин од 23.30 часот. Во продолжение, ви ги претставуваме филмовите за оваа недела :

понеделник (6 април 2020) – “Lullaby for Pi” (2010)

Канадско француска драма за еден музичар кој наоѓа нова надеж во љубовта, по смртта на неговата сакана.

вторник (7 април 2020) – “Chronically Metropolitan” (2016)

Младиот писател Фентон Дилејн се враќа во Њујорк без предупредување во потрага по неговата изгубена љубов, Џеси. Но, таа е свршена и е пред свадбата.

Фентон ја ангажира неговата тврдоглава сестра и неговиот најдобар пријател кој е дилер на дрога за да му ја вратат девојката. Ова предизвикува синџир на настани кои имаат влијание врз животот на сите кои се околу него. Потрагата на Фентон за Џеси ги става сите учесници пред тешки одлуки во оваа американска драмедија.

среда (8 април 2020) – “The colony” (2013)

По глобалното затоплување, доаѓа ледено доба на Земјата. Преживеаните живеат во една Колонија, но тоа не е најлошото што може да им се случи. Канибалите навестуваат хорор моменти за ликовите во овој СФ филм.

четврток (9 април 2020) – Lo contrario al amor (2011)

Шпанска комедија за една млада девојка од Шпанија која ја презира љубовта и не верува во партнерски односи. Но, денот кога го запознава пожарникарот Раул кој ќе ја спаси од расипаниот лифт, ќе ја врати надежта во љубовта кај Мерче.

петок (10 април 2020) – “Redirected” (2014)

Четворицата пријатели Џон, Бен, Тим и Мајкл се новопечени крадци кои се заглавени во Источна Европа и низ серија авантури кои ги доживуваат, се обидуваат некако да стигнат дома. Мораат да се соочат со платени убијци, проститутки, корумпирани полицајци и криумчари, а еден на друг ќе се потврдат како вистински пријатели. Гангстерска комедија од британско – литванска продукција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јигит од „Забрането јаболко“ е геј во петочниот филм на Квир кино

На 11 септември со почеток во 19 часот, а во рамките на Денови на квир …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!