Почетна / Uncategorized / Инфо | Богат филмски продолжен празничен викенд на Телма

Инфо | Богат филмски продолжен празничен викенд на Телма

📅 петок, 29 април
⏰ 22:15 – Опасна ноќ

📅 сабота, 30 април
⏰ 16:50 – Момчето од облаците
⏰ 19:15 – 99 Домови
⏰ 22:15 – Азил

📅 недела, 1 мај
⏰ 17:00 – Патешествието на принцот
⏰ 19:50 – Веро избор
⏰ 22:15 – Оги

📅 понеделник, 2 мај
⏰ 11:15 – Џиновската крушка
⏰ 13:50 – Љубов и пријателство
⏰ 16:50 – Лимонада
⏰ 19:15 – Големата измама

петок, 29.04.2022 – “Danger one”, 22.15 часот

Двајца болничари една вечер со амбулантно возило превезуваат еден човек кој на патот до болницата ќе почине. Во неговата облека ќе пронајдат милион долари! Дилемата е дали да ги пријават парите или не. Но едно е сугурно, пред нив е една долга возбудлива и пеколна ноќ, полна со насилство и хаос.

сабота, 30.04.2022 – “Cloudboy”, 16.50 часот
Градското момче Нилас е испратен кај мајка си во Лапонија. Единствената која успеа да воспостави контакт со него е неговата нова сестра Суна. Таа го носи на патување во волшебната шума каде срамежливиот Нилас се претвора во див облак.

сабота, 30.04.2022 – “99 homes”, 19.15 часот


Филмот раскажува за човек ја губи својата куќа под хипотека. За среќа, тој успева да се вработи кај агентот кој го зема неговото место. Многу брзо тој постигнува голем успех на ново поле и веќе самиот ги иселува несреќните сопственици на куќи под хипотека. Финансиските проблеми престануваат да го мачат, но почнува да страда од неговата совест.

сабота, 30.04.2022 – “Haven”, 22.15 часот


Две паралелни приказни се случуваат на Кајманските острови со Орландо Блум и Зое Залдана. Ќерка на еден моќен човек, е принудена да ги напушти удобрностите на монденското Мајами заради валканиот бизнис на својот татко и приказна за едно срамежливо момче, заљубено во ќерката на својот шеф. Во еден петок 13 –ти, нивните животи се испреплетуваат во низа трагични настани.

недела, 01.05.2022 – “The prince’s voyage”, 22.15 часот
Стар мајмун Принц ќе се насука на непознат брег. Го наоѓа12-годишниот Том, повреден и изгубен го носи кај неговите родители, кои се научници кои биле протерани од нивната заедница затоа што веруваат во постоењето на други мајмунски цивилизации. Со помош на Том, принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија е навистина точна. Француски анимиран филм во режија на Жан-Франсоа Лагујоние и Ксавиер Пикард објавен во 2019 година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува европскиот филмски предизвик за пат до Берлинале

Трета година по ред во земјава се организира Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) кој …

error: Содржината е заштитена!