Почетна / Сапуници / Сител ги израдува фановите на „Бруско“ – грчката серија продолжува
Секое утро пред Утринската програма на Сител, следете ја "Бруско"

Сител ги израдува фановите на „Бруско“ – грчката серија продолжува

По многу сменети термини на емитување, првата сезона од грчката сапуница на Сител нема да биде укината. Од сега, драматичните заплети во семејствата на Ахил и Сифи продолжуваат секое утро, од понеделник до петок по 5 часот наутро.

Гледачите ќе уживаат и понатаму во пејсажите на божествените острови Крит и Кипар, каде што е и снимана оваа серија. Голем дел од сцените се снимени токму на убавите полиња на винова лоза на Кипар, возбудливите плажи на Крит, богаташките вили на Никозија и улиците на преубавиот град Ханија.

И понатаму со вас – серијата од земјата на Боговите и егзотичните острови. И понатаму со вас – приказната за љубовта и виното, приказната која ве освои и која допрва ќе ве заслепи.

Синилото на морето ќе ги раздвојува вашите познати херои, но опојниот мирис на виното и понатаму ќе ги спојува.

Една од најдобрите балкански продукции која стекна голема гледаност во Перу и Чиле, продолжува со нови интригантни епизоди секое утро, пред Утринската на Сител телевизија.

Љубовта меѓу Мелина и Ахил ќе донесе лавина нови проблеми затоа што тие се несвесни за фаталните последици кои може да ги донесе таа забранета врска.

Љубовта станува заробена од традицијата, а желбата за слобода ќе ги води на патот до среќата.

Разбудете се со новите авантури на Дафни и Константина и проследете ги новите злокобни планови на Маркос, Антонис и Евридики. Грчката серија “Бруско”за своите фанови – секое утро на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денес не смее, но порано и во турските серии имало „скокотливи“ сцени

Ако во денешно време, Турската радиодифузна агенција забранува секаков вид на сцени во кои се …

error: Содржината е заштитена!