Почетна / Живот / Христос воскресе, честит Велигден!

Христос воскресе, честит Велигден!

 

Христос Воскресе, 
Навистина Воскресе!

Православните и католичките верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите, ден кога смртта со смрт ја победи. 

 


 

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. 

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургиии.

Нека ви е честит празникот, драги читатели. Денот поминете го со луѓето кои најмногу ви значат, во домот кој ги спојува љубовта и животот, бидете среќни, простувајте и живејте ги благодетите на животот така што секогаш ќе помагате едни на други. Заборавете ги лошите моменти, сеќавајте се на убавите и наздравете за љубовта, искреноста, праведноста и благородноста. Ви посакуваме убави празнични мигови, мир и спокој во вашите домови. 

Нека ни е честит празникот вековен!

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувачка изложба на Дороти преку АРТФЕМ во Штип

На 5 декември ќе се одржи првата патувачка изложба на Дороти Пачкова, на уметнички дела, …

error: Содржината е заштитена!