Почетна / МК Сцена / Видео | Супербрендот Каролина ќе прави нов бум со „Идила“

Видео | Супербрендот Каролина ќе прави нов бум со „Идила“

Изминативе два дена добивме преубави пораки и коментари 💞 фала ви од срце што одвоивте време за нашата Идила 💫 – напиша мега ѕвездата Каролина на социјалните мрежи, по објавата на најновото видео за песната “Идила”.

Се работи за песна која е најава за нејзиниот нов проект кој го работела со врвните музички имиња Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

  • Албумот го снимивме на почетокот на оваа година, во јануари, додека идејата за истиот се роди уште во 2016та, после нашиот прв заеднички настап, на еден концерт на Дуке. Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…
    Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата.
    Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создавање.

Но, дали оваа преработка на песна на Нина Спирова е тоа што фановите нетрпеливо го очекуваа од македонскиот супербренд? Иако нема сомнеж за квалитетот, нежноста и маестралноста на новиот аранжман изведен од супербрендот на Авалон, сепак може да се прочитаат и коментари од обожавателите кои очекувале брза, оригинална и динамична летна песна .

Можеби помина времето кога Каролина пееше летни хитови како Хипокрит, Љубов под облаците, Милениум со тебе, Се лажам себе, Ноќ итн. Дали некогаш повторно ќе дочекаме вакви поп хитчиња од македонската принцеза, останува да видиме и секако да се надеваме.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лешочки Фолк фест 2021 во пресрет на Голема Богородица

Во петок на 27.08.2021 г. во 20ч. во пресрет на големиот православен празник Голема Богородица, …

error: Содржината е заштитена!