Ојку Карајел е 31 годишна турска актерка, која ни е позната по улогата на Џемре во турската хит драма “Браќата” која во моментов е во последните недели на емитување на Канал 5.

Актерката е родена во Истанбул, каде завршила глума на Универзитетот во Истанбул.

Нејзината прва главна улога е во “Браќата”, а епизодна улога имаше и во “Пари и љубов”.

Последна улога ѝ е во ланската серија на Нетфликс – “Bir Başkadır”.

Инаку денеска актерката го роди своето прво дете, момче кое ќе се вика Роман. Ојку е мажена веќе три години со познатиот музичар со еврејско потекло, Џан Бономо.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
