Почетна / Живот / Гостување на Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“ во Гевгелија

Гостување на Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“ во Гевгелија

На 15 декември (петок) во 19:00 часот во Народен театар – Гевгелија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” – Гевгелија ќе гостуваат македонски писатели-членови на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг” – Битола, кои ќе зборуваат за историјата на оваа писателска асоцијација, нејзините книжевни и периодични изданија, како и за манифестациите и настаните во нејзина организација. Претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг” – Битола е Зоран Пејковски.

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг” – Битола е здружение во кое на доброволна основа се здружуваат и членуваат писателите, заради остварување на своите професионални, авторски и други заеднички и индивидуални права и интереси, и за унапредување и афирмирање на литературното творештво во Битола.

„Битолски книжевен круг” од 2001 година двапати годишно го објавува списанието за книжевност, уметност и култура „Раст”, а ја организира и манифестацијата „Битолски книжевни паметења”. Издавач е и на повеќе поединечни изданија на книги од сите жанрови.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 22 декември, во Гевгелија ќе се одржи Вечер на слем поезија

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” во Гевгелија ќе се одржи Вечер на слем …

error: Содржината е заштитена!