Почетна / Сапуници / „Гавран“ од редот на најдобрите трилер серии – ова лето на Сител

„Гавран“ од редот на најдобрите трилер серии – ова лето на Сител

Порасна во студ, во сиромаштија, во осаменост и болка. По многу години, тој е подготвен да ги излечи лузните што му нанесоа голема траума во детството и да се врати онаму каде сѐ започна.

Сега, овој човек ќе тргне во одмазда кон оние што го предадоа неговиот татко, кон оние што го лишаа од среќно детство и од семејство со кое треба да расте секое едно дете на овој свет.

На патот кон одмаздата, човекот наречен Гавран ја среќава Дила, ќерка на неговиот најголем непријател. За него ќе биде приоритет да ја одмазди смртта на татка си, не бирајќи средства и газејќи и по она што го сака.

За неа, пак, е болно да се соочи со својот татко и да ја прифати горката вистина, вистината дека и таа ќе живее меѓу правдата и злото.

„Гавран“, серија за невозможна љубов и непредвидлива одмазда со едни од најголемите ѕвезди на денешницата во главните улоги.

Сабота и недела навечер на Сител, следете ги вљубениот ерген и девојката од прозорецот во нова современа серија за сите љубители на најдобрите трилер приказни.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругата на Езел му го честиташе неговиот 50-ти роденден

На 18-ти јуни 2024 година, Кенан Имирзалиоглу, еден од најпознатите турски актери, пмоментално актуелен по …

error: Содржината е заштитена!