Почетна / Телевизија / Што ќе гледате на Сител во престојните летни денови ?

Што ќе гледате на Сител во престојните летни денови ?

По завршетокот на најгледаните регионални шоу програми на Гранд продукција, телевизија Сител продолжува со премиерна програма за своите гледачи и ова лето.

Најгледаната телевизија подготви премиерна програма и за време на најжешките денови и ноќи, со што застана рамо до рамо со најголемите балкански и европски телевизии кои емитуваат премиерни и комерцијални содржини во текот на целата година.
Од тимот на телевизијата за ТВ Пакет ни открија кратко што да очекуваат гледачите на Сител за престојните летни денови, како и за новата сезона од есен која следува :

“Во текот на летово продолжуваме со премиерни содржини за нашата публика, воедно како и секое лето досега. Гледачите кои ќе останат во своите домови за време на престојните жештини ќе имаат можност преку прграмата на Сител да продолжат да се информираат, едуцираат, релаксираат и забавуваат со тековните програмски содржини.

Премиерни совети за кујната и домот ќе слушнете веќе од 15 јули со добропознатата “Практична жена”, каде преку најновите изданија од лајфстајл магазинот, домаќинките ќе дознаат како на креативен начин може да готват ручек, но истовремено да си играат и со дечињата.

Или па како да успеат со минимум време и трошок да вежбаат, а да изгледаат витално и убаво. Интересни тајни, совети и искуства секое попладне на Сител токму со “Практична жена”.

Потсетување на најдобрите моменти од светскиот лиценциран формат “Се или нешто” ќе следите од втората половина на јули па некаде до октомври кога и се планираат нови сезони од најгледаните домашни продукции.

Во текот на целото лето, од понеделник до петок навечер ќе се емитуваат премиерни американски серии, па така освен шпионската серија, добитник на Златен Глобус – “Американците”, набрзо следува уште една нова.

Но, на изненадување на публиката, планираме и нови серии од американска и британска продукција за што гледачите тековно ќе бидат информирани преку програмата на телевизија Сител. Како мало навестување, подгответе се за едни од најнаградуваните британски серии кои ќе ги емитуваме токму ова лето за време на викендите.

Што се однесува до турските серијали, подготвивме избор од различни жанрови како би ги задоволиле апетитите на повеќе групи на гледачи.

Со “Брачни игри” следите една современа европска реализација со многу хумор и адвокатски разрешници, а за љубителите на класичните семејни драми продолжуваме со премиерни епизоди од “Девојката од прозорецот”, како и со нешто ново. За фановите на најдобрите трилер приказни, ја одбравме “Гавран” со едни од најпознатите ѕвезди на денешницата во главните улоги.

Со исклучиво високобуџетни прајмтајм серии продолжуваме и во новата сезона од есен, за што гледачите ќе бидат дополнително информирани. “

Програма за многу генерации и различни вкусови. Очигледно е дека и ова лето со Сител ќе следиме содржини кои прават разлика.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТЕЛ ја нуди MOVE TV: Врвна платформа со разни содржини и опции

Групацијата Телеком Србија, преку телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, токму од Македонија го започна лансирањето на својата …

error: Содржината е заштитена!