Почетна / Забава / Фото | Спектакл на романтика и продукција приреди Рамацоти

Фото | Спектакл на романтика и продукција приреди Рамацоти

Спектакуларен настан во организација на Авалон продукција се случи во понеделникот на 30 септември во А1 Арената во Скопје.

Италијанската поп ѕвезда Ерос Рамацоти ги разнежни, расплака, разигра и развесели присутните во големата скопска сала.

Рамацоти го започна својот концерт со водечката нумера од неговиот последен албум „Vita ce ne“, потоа следуваа уште неколку песни од последниот музички материјал како „Per il resto tutto bene“, „Stella gemella“, „Favola“ и други.

Се редеа следни и следни хитови, а на секоја од песните, сцената изгледаше автентично, различно и светски.  Ерос на дело покажа дека и одличен гитарист и пијанист.

Рамацоти на оваа турнеја е со комплетно своја продукција (звук, светло и видео), а така беше и во Скопје.

Во првата половина од концертот Рамацоти преку видео порака повика на свесност и заштита на природната средина, особено да се внимава со фрлањето ѓубре во океаните, бидејќи многу подводни видови се веќе загрозени.

Уште еднаш светскиот звук и продукција ги видовме и во Скопје.

Уште еднаш се покажа дека Авалон продукција е лидер во регионот кога се работи за концертни доживувања од ваков тип. Македонија уживаше и пееше во еден глас!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …