Почетна / Серии / Четвртата сезона на „Готам“, премиерно во прајмтајм на Телма

Четвртата сезона на „Готам“, премиерно во прајмтајм на Телма

На местото на СФ серијата “Луцифер”, од петок (4 октомври), на Телма телевизија започнува четвртата премиерна сезона на американската хит серија “Готам”. Нови авантури во градот на Бетмен, нови непријатели и опасни сили демнеат над возбудливото место.

Што ќе се случи кога Ли и Ридлер ќе се здружат, а во градот се враќа ќерката на Џим? Пингвин ја повраќа контролата врз подземјето на Готам и започнува со издавање на таканаречени „Лиценци за недолично однесување“, дозволувајќи им на криминалците да извршат „правни злосторства“, иако не се одобрени од Гордон и Брус. Селина и неподготвената Табита се согласуваат на лиценца.

Група нелиценцирани криминалци предводени од Мертон и Грејди Харис одлучуваат да го поразат Пингвин, ослободувајќи го Крејн од Аркам, за да им помогне да произведат токсин. Знаејќи дека Гордон не може да помогне, Брус ќе реши сам да се бори со лиценците.

Следете ги возбудливите научно фантастични акции на вашите херои, од понеделник до петок во 20.30 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди