Почетна / МК Сцена / Фото | Никогаш посекси – Каролина покажа што е стил и гламур

Фото | Никогаш посекси – Каролина покажа што е стил и гламур

Најдобрата македонска пејачка и најстилски облечената ѕвезда на македонската естрада повторно заблеска, посилно од било кога. Каролина буквално “растури” !

Со стајлинг подготвен од нејзината долгогодишна соработничка Цаци Паковска, пејачката изгледаше совршено на нејзините последни јавни настапи на Карпошово културно лето во Скопје и на Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово.

Мило ми е што се дружиме по долго време. Среќна сум што ве гледам, ајде да се забавуваме“, рече таа пред да ги запее песните од албумите „Македонско девојче“ и „Извор“.

Она што особено изненади беа нејзините постари поп песни, кои целата публика, од најмладо до најстаро, наизуст ги пееше. Зар може некој да ги заборави нејзините поп евергрини ?

Затоа Каролина Гочева е единствена и затоа Каролина Гочева се одржа 30 години на македонското медиумско небо.

Каролина е скромна, Каролина е талентирана, Каролина е ѕвезда во секој поглед.

Реткост е за една македонска јавна личност да изгледа гламурозно и сјајно и тоа од глава до пети.

Веројатно, само на Каролина може да и успее такво нешто. Ѕвезда во секој поглед.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!