Почетна / Сапуници / Tурската комична серија „Пет браќа“ од понеделник на TDC на A1

Tурската комична серија „Пет браќа“ од понеделник на TDC на A1

Од понеделник во 18.40 часот на кабловскиот канал TDC на A1 операторот започнува турската комична серија “Пет браќа”. Репризните изданија на епизодите се околу 22 часот, 06 часот наутро, 10 часот наутро и 14.30 часот.

Петорица браќа имаат сосема различни карактери, но само едно нешто заедничко : се имаат меѓу себе за сè и засекогаш. Живеат во иста куќа, но и покрај секојдневните несогласувања, ништо не може да ги раскине семејните врски. Како мали останале сираци, а грижата за нив ја превзел најстариот брат, рибарот Саит.

Но, дента кога Салит одлучува да започне свој живот, се менуваат работите во куќата. Наместо да избега од хаосот со браќата, тој влегува во уште поголем хаос со две жени. Следејќи го неговиот пример, и другите браќа се одлучуваат да започнат самостоен живот, но прашање е колку тоа воопшто ќе им успее. Сите заглавуваат во некакви си неволји, но затоа се имаат меѓусебно за да си помогнат тогаш кога треба.

Улоги : Serkan Keskin, Osman Sonant, Tansu Biçer, Nadir Sarıbacak, Fatih Artman, Serdar Orçin, Melisa Sözen​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Онур од „Наследници“: За повеќе фанови, морам и да се соблекувам

Фуркан Палали е турски актер и модел, кој што го гледаме во главната улога во …

error: Содржината е заштитена!