Почетна / Телевизија / Thumbs up/down / Тино го прифати предизвикот – „Урбан таг“ со нова сезона на ТВ 21

Тино го прифати предизвикот – „Урбан таг“ со нова сезона на ТВ 21

 

Од понеделникот (18-ти декември) започна да се емитува новата сезона на забавниот магазин „Урбан таг“ на фреквенцијата на телевизија 21.

 

 

Забавниот магазин се емитува од понеделник до петок со почеток во 17:05 часот, а во новата сезона покрај освеженото студио кое е во празничен амбиент, јавноста ќе гледа и нов водител – Валентин Петрески Тино.

Во изјава за ТВ Пакет, Тино вели дека добил понуда која не можел да ја одбие.

– Ова беше предизвик и покана која не можев да ја одбијам, па со целосна доверба кон целиот тим и пред се одговорните од Тв 21 ја прифатив. Се надевам дека ќе си го оправдам истото, така што ова е само почеток на новото издание на Урбан таг. Ќе се обидам да бидам тоа што сум и на свој начин да разговарам со гостите на сите теми, открива Тино.

„Урбан таг“ ќе им приреди топло попладне на гледачите, а ќе ги пренесува и најважните новитети од Македонија и светот.

– Нема ограничување на гостите, важно е дека треба да им приредиме едно топло попладне на гледачите по работните обврски. Верувам дека ќе има многу моменти за паметење. Дополнително ќе бидеме подготвени да ги пренесеме и сите новитети од кај нас и странство, па верувам дека ќе биде убава комбинација, додава Тино.

 

 

 | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Новиот водител на ТВ Нова ги освои симпатиите на јавноста

  Новиот водител на ТВ Нова со своето прво појавување во вестите ги освои симпатиите …

Leave a Reply