Почетна / Сапуници / Фото | Али од серијата „Одмазда“ на Канал 5 е познат турски пејач

Фото | Али од серијата „Одмазда“ на Канал 5 е познат турски пејач

Од понеделник до петок на Канал 5 се емитува серија која доаѓа од срцето на Анадолија и во чија срж се семејните односи и традиционални вредности во една прилично конзервативна средина.

Во улогата на агата Али, главниот јунак на новелата, го гледаме познатиот турски актер и пејач Емрах, кој на публиката е познат претходно по улогите во “Болни лаги”, “Златни рани” и “Назар”.

Професионално влегол во музичкиот свет на рана возраст со неговиот албум Ağam Ağam и тоа веќе во средно училиште во 1984 година.

Со неговата изведба во главната улога на филмот Zavallılar (1984), тој стана познат како “Küçük Emrah” (Малиот Емрах). Следната година, тој го издаде својот втор албум Gülom and Yaralı, кој постигна голем успех.

Следните објавени албуми на Емрах, Boynu Bükükler (1986) и Ayrılamam (1987) станаа најпродавани. Емрах има продадено повеќе од 25 милиони музички изданија во Турција.

Во 2014 година, тој се оженил со Сибел Кирер, со која има син и ќерка. Има и син од претходна вонбрачна врска.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на „Азра“ и „Фазилет“ во нова играна серија на Сител

Секој сака да сака, и војник и морнар, и сиромав и богат. Тоа не се …

error: Содржината е заштитена!