Почетна / Сапуници / Фото | Мави од „Одмазда“ е избрана за актерка со најдобар стил

Фото | Мави од „Одмазда“ е избрана за актерка со најдобар стил

Бурџу Киратли е 32 годишна турска актерка, која премиерно македонската публика ја запознава со улогата на убавата Мави во турската теленовела на Канал 5 – “Одмазда”.

И додека во серијата, Бурџу носи долги фустани и закопчани кошули до гуша како што налага и средината во која се одвива дејството, приватно, таа е сосема поинаква.

Дипломирала на Факултет за комуникација и дизајн, а настапила во многу театарски претстави и проекти за кратки филмови додека студирала.

По неколку епизодни филмски и сериски улоги, актерката меѓу 2016–2018 година се појавува во драмската серија “Одмазда”.

Претседателот Ердоган токму за оваа улога ѝ ја додели на Бурџу наградата за најдобра актерка на годината на телевизиските награди Gazetecileri Derneği 2017 Yılı Medya Oscarları Ödül Töreni.

Таа ја освои наградата и за актерка на годината во драмска новела на доделувањето на наградите „Златен бадем“ во 2017 година токму за изведбата на одмаздничката Мави.

Серијата доби четири награди на Златните награди за туризам. Бурџу Каритли, исто така, ја освои наградата Златна палма за актерка на годината во 2018 година.

Покрај наградата за најдобра протагонистка, “Одмазда” ги доби и наградите за најдобар режисер и најдобар продуцент, како и главната за најдобра драмска серија на годината на наградите „ТВ Серии“ во 2017 година.

Хит новелата имаше три сезони и се емитуваше на каналот АТВ.

Каратли ја доби наградата за најстилска актерка на годината 2019-2020 од Модното друштво на Истанбулскиот универзитет.

Таа лани доби и награда на церемонијата Türk Sinemasını Geçmişten Geleceğe Taşıyanlar за нејзиниот придонес во турската кинематографија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!