Почетна / Серии / „Фитнес“ на Алфа – ја пуштија без најава, ја укинаа одеднаш без најава

„Фитнес“ на Алфа – ја пуштија без најава, ја укинаа одеднаш без најава

Пред десетина месеци, наголемо беше најавувана со секојдневни промоа. Сепак тогаш, руската комедија “Фитнес” не го здогледа светлото на денот на телевизија Алфа.

Многу гледачи и фанови на руските ситкоми, се обратија уште во јануари 2020-та до ТВ Пакет, како влијателен и специјализиран портал во областа на телевизијата со прашања за серијата “Фитнес”. Во име на сите наши читатели, упативме јавно прашање до телевизија Алфа за почетокот на емитување на серијата.

Алфа не одговори ниту на статијата на нашиот портал, ниту упати некакво известување до гледачите. Но, затоа одеднаш неодамна реши сосема неочекувано и буквално без никаква најава да ја пушти серијата во прајмтајм. Кој се нашол во тој момент на таа фреквенција, ја начекал серијата. Кој не, никому ништо.

За ситуацијата со руската комедија да заврши како што и почна, телевизијата од понеделникот (5 октомври 2020) повторно без најава ја укина серијата.

Како што почна, така и заврши – без никаква најава и информација за гледачите.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ТВ Телма емитува репризи на серии во вечерните часови?

Телма телевизија убедливо се двои од сите останати национални телевизии, емитувајќи разновидна програма за различни …

error: Содржината е заштитена!