Почетна / МК Сцена / Видео | Мали Стар – новата ѕвезда на албанската музичка сцена

Видео | Мали Стар – новата ѕвезда на албанската музичка сцена

Запознајте го најновиот рапер на албанската сцена, Мали Стар доаѓа со првиот видео проект.

Неговото име е Амар Зибери, инаку познат како Мали Стар, тој има само 10 години од Скопје, ученик е во основното училиште „Дрита“. Неговата страст е музиката, главно рапот и инспирацијата ја добива од американските рапери. Во 2015 година започнува да ги слуша 6ix9ine, Eminem, Xxxtencation додека од албанската сцена ја претпочита музиката на раперот Бута. Последните две години започна да пишува текстови кои веќе ги претвора во мелодии и музика, станувајќи најмладиот рапер на албанската сцена. Мали Стар штотуку го заврши првиот видео проект заедно во соработка со “Kotovski Entertainment” и неговата менаџерка Маријана Златковска кои се надеваат дека ќе и се допадне на целата јавност. Сонот на Мали Стар е еден ден да стане инспирација за идните генерации како сон кој штотуку започна да го живее. Посетете го неговиот Инстаграм профил, а за да ја слушнете неговата нова песна кликнете подолу:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Зашо“ раперот David Black се враќа на македонската музичка сцена

Поранешниот ЈуТјубер и рапер Давид Радичевски, познат како David Black, се враќа на македонската музичка …

error: Содржината е заштитена!