Почетна / Серии / Кифер Сатерленд е „Претседателот“ во политичката трилер серија на Сител
Од понеделник (12 октомври) - нова серија на Сител, веднаш по последните полноќни вести

Кифер Сатерленд е „Претседателот“ во политичката трилер серија на Сител

Приказна за обичен човек кој ќе се најде во невообичаена ситуација.

Ноќта на одржувањето на State of the union, се случува напад во кој загинуваат претседателот на САД и сите поважни лица од Белата куќа. Истата ноќ, низок член на кабинетот на САД е избран да ја води од сега државата, па затоа ја добива титулата на претседател.

Нов на позицијата, Том Киркман ја има улогата на водач на слободниот свет во време на хаос кој ја зафаќа земјата. Во неговите должности, тој ќе биде поддржан од началникот на Генералштабот Емили, ПР-от и неговата сопруга, која исто така е адвокат вработена во ЕЕОЦ. Тука е и Хана, агент на ФБИ, кој води истрага за терористичкиот напад.

Кој го изврши нападот и со која цел? Ќе може ли новиот претседател да се справи со големите предизвици? Тој е “designated survivor”, што означува ппреживеан член на влада кој е заштитен од САД одделно од претседателот за да може да ја преземе таа должност во случај на смрт.

Оваа есен во 00.30 часот на Сител, веднаш по последниот полноќен Дневник ќе се емитува серијата за “Претседателот”.

Американска серија во 53 продолженија, чии први две сезони одеа на американската национална мрежа ABC, за потоа третата сезона да премине на Нетфликс по што Нетфликс ја укинува серијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!