Почетна / Серии / Вестерн серијата „Пекол на тркала“ на Телма телевизија во 21:30 часот

Вестерн серијата „Пекол на тркала“ на Телма телевизија во 21:30 часот

 

“Hell on wheels” – од понеделник до петок на Телма

 

Од утре (26 октомври) започнуваат новите играни серии на Телма телевизија, меѓу кои е и “Пекол на тркала”. Се работи за американска вестерн серија која е во продукција на AMC, каналот кој ги создаде култните “Breaking bad”, “Mad man” и “The walking dead”. На Телма ќе се емитува во секој работен ден во 21:30 часот, веднаш по завршување на “Лица за одстрел” – трета сезона, која исто така започнува утре.

 

 

Дејството на серијата се одвива во шеесетите години од 19. век, веднаш по убиството на Абрахам Линколн и го следи животот на Кален Бонан, бивши војник на Конфедерациската војска кој е во потрага по војниците на Унијата кои ја убиле неговата жена и синчето за време на Граѓанската војна. Потрагата го носи до гратчето Пекол на тркала, каде е започната со изградба првата трансконтинентална железница. Серијата ја покажува институциската корупција, како и новонастанатите неприлики од неодамна ослободените афроамерикански робови.

 

 

Во тоа гратче се запознаваме со секакви луѓе, од министри, робови кои се во потрага по место под сонцето, проститутки, работници и инспектори кои во тоа место на корупција, ги прогонуваат само невините животи. И сите тие приказни и тие луѓе се раѓаат, живеат и умираат во Пеколот на тркала, за време на градењето на Железницата.

Улоги : Anson Mount, Colm Meaney, Common, Dominique McElligott, Tom Noonan, Eddie Spears, Ben Esler, Phil Burke

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …