Почетна / Сапуници / Феноменот “Кога лисјата паѓаат” доби нова надсинхронизација на Алфа
"Кога лисјата паѓаат", повторно на малите екрани - од понеделник до петок на Алфа во 16.30 часот

Феноменот “Кога лисјата паѓаат” доби нова надсинхронизација на Алфа

Eмотивната семејна драма прикажувана во 2010 и 2011 година на најгледаната телевизија А1 повторно на малите екрани. Десет години подоцна. “Кога лисјата паѓаат” овојпат на Алфа, од понеделник до петок со репризно емитување во 16.30 часот и реприза на репризата во 9.30 часот наутро.

Серијата за време на премиерното емитување во Македонија достигна незапаметена гледаност, повторувајќи го успехот на најголемите телевизиски феномени како Касандра, Клон и 1001 ноќ. Гледачите со задоволство ја пратеа секојдневната борба за опстанок на семејството на Али Риза, целосно соживувајќи се со несреќите и драмите на фамилијата.

Доајените на театарската сцена Бранко Ѓорчев, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Гордана Ендровска, Сабина Ајрула Тозија, Трајанка Илиева Таци, Бедија Беговска маестрално ги доловија ликовите во серијата, позајмувајќи ги гласовите кои никого не оставија рамнодушен во годините кога се прикажуваше ова уникатно телевизиско остварување.

И сега, години подоцна, Алфа реши да ја репризира сагата, надсинхронизирајќи ја со комплетно нова актерска постава. Дали со ова се губи шмекот и споменот на она што значеа Лисјата за многубројната македонска публика? Дали сеќавањата за гласовите на Ферхунде, Али Риза, Неџла, Лејла и Џеврије може да ги надомести некој и со тоа да се задржи истата топлина и енергија што тогаш се доживеа?

Во време кога има десетици турски серии на телевизиските канали, оваа играна серија станува само уште една во низата серии во моментов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денес не смее, но порано и во турските серии имало „скокотливи“ сцени

Ако во денешно време, Турската радиодифузна агенција забранува секаков вид на сцени во кои се …

error: Содржината е заштитена!