Почетна / МК Сцена / Никола Зацески го промовираше првиот сингл “Срцето мое тука чука”

Никола Зацески го промовираше првиот сингл “Срцето мое тука чука”

Никола Зацески, “Волшебниот Глас” амбасадор на македонската музика.

Невероjатниот глас, музички талент и искрена љубов спрема музиката (посебно македонската) ја покажува во најрана возраст. Никола започнува да свири пијано на десет годишна возраст, кога се раѓа и огромната пасија за пеење. Уште за време на своите студии Никола учествува на многу интернационални музички натпревари во Русија, Полска, Франција, Шпанија и Бугарија, освојувајќи многу индивидуални (11 награди) како и награди со неговиот хор (5 награди).

Покрај интернационалните успеси, како дел од Македонската Опера и Балет настапува на Охрискиот Фестивал, Битолскиот и Скопскиот Фестивал. Никола продолжува со својата гласовна едукација во Русија, Италија и Австриа, усовршувајќи го своето оперско пеење, но покрај операта започнува да пее и Поп и традиционална македонска музика.

Музичкиот талент на Никола и пред се љубовта за македонската традиционална музика го води и тоа многу успешно и во еден друг дел од нашето традиционално богатсво, а тоа е играорството. Од свои седум години зема учество во фолк ансамбли како играорец солист, но и кореограф. Како кореограф соработува со Националната Македонска Фолклорна група “Танец”, а 2018 кога се преселува во Австралија, се приклучува на Австралискиот танцов ансамбл ”Тоше” како главен кореограф.

После повеќе месечна работа заврши комплетната припрема за првиот поп сингл на Никола Зачески, на музичката јавност во нашата земја познат и етаблиран како оперски пејач. Никола Зацески или “Волшебниот Глас”, како што го нарекуваат многу критичари и колеги, за реализација на својот прв поп проект, состави врвна екипа на професионалци од Македонија и Австралија.

За неговата песна, Никола изјави :

Многу успешно и со преголема енергија се заврши комплетното снимањето за мојата прва песна и спот
во Австралија и Македонија. Со нетрпение чекам да го споделам со вас овој мој прв најголем проект, кој е составен од врвни професионалци. Се надевам дека ќе успее да допре нашата порака до секој еден. Толку е едноставна и има една цел љубов, среќа, радост, убавина“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Величествениот супербренд ја продолжува турнејата низ Македонија

Продолжува турнејата на супер ѕвездата Каролина во градовите низ Македонија во организација на маестралната Авалон …

error: Содржината е заштитена!