Почетна / Живот / Нешто нежно, љубовно и магично оваа пролет за гледачите на Pickbox

Нешто нежно, љубовно и магично оваа пролет за гледачите на Pickbox

 

Нови авантури, нови љубовни серии и нови сплетки на Pickbox

 

Ако оваа пролет те понесат заљубеноста и нежните чувства, на Pickbox во секој миг можеш да најдеш серии кои одговараат на состојбата на твојот дух. Секако, не се работи за лигави љубовни серии, туку за моќни серии кои љубовта (и сето тоа што оди со неа) ја прикажуваат на нов начин.

 

 

Афера (The Affair) е серија која нуди целосно нова перспектива на брачното неверство. Заљубеноста на Ноа Саловеј (Доминик Вест) и на Алисон Бејли (Рут Вилсон) ќе ја видиме како приказна раскажана од две перспективи, па конечно ќе ни стане јасно зошто ништо не е како што изгледа. Атмосферата на оваа необична приказна за љубовта ќе ја загреат и сцените со жежок секс.

 

 

Одмазда (Revenge) е серија која ќе ве освои во истиот миг кога ќе ја погледнете првата епизода, нема да има враќање. Во серијата, младата Емили Торн доаѓа во снобовската населба Хемптонс каде што своите први соседи, безобразно богатите Грејсонови, ги мрази од дното на душата. Тука има љубов, да не се лажеме, но првенствено ќе дознаете дека патот на одмаздата е мачен, тежок и никогаш нема да знаете каде ќе ве однесе.

Си било еднаш (Once Upon a Time) е доказ дека бајките никогаш нема да излезат од мода. Ако сакаш да знаеш како би изгледале во вистинскиот живот Снежана, Пепелашка, Црвенкапа, Рампелстилскин, Пинокио, Трнорушка и многу други ликови, ова е серија за тебе. Колку е волшебна оваа серија зборува и фактот дека Џенифер Гудвин и Џош Далас се запознале на снимањето и се венчале.

 

 

Ако ти се допадна „Си било еднаш“, тука е и Си било еднаш во Земјата на чудата, приказна за Алиса која открива цел еден свет од онаа страна на зајачката дупка.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во печат излезе новата поетска збирка „Семки“ на Ристо Маџунков

Неодамна во издание на литературното списание „Современост“ излезе од печат поетската збирка „Семки“ со 60-на …