Почетна / Живот / Е.Д.Е.Н. во соработка со „Веган 365 Кујна“ ќе поделат 500 оброци

Е.Д.Е.Н. во соработка со „Веган 365 Кујна“ ќе поделат 500 оброци

Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. во соработка со Веган 365 Кујна во текот на мај и јуни ќе додели вкупно 500 вегански оброци на загрозени категории на граѓани на територија на Град Скопје во рамки на проектот „Промени ја исхраната, промени го светот!“ кој е поддржан со ад хок грант од програмата Цивика мобилитас.

Целта е да се намалат последиците предизвикани од COVID-19 кризата, така што ќе се задоволат дел од основните човекови потреби кај социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани, особено кај семејствата каде што или еден или повеќе од членовите изгубиле работа. Е.Д.Е.Н. ќе дели балансирани и хранливи вегански оброци изработени со љубов и посветеност од целосно природни и здрави состојки. Свесни сме дека храната е еден од најважните фактори кои влијаат врз човековото здравје, но и врз животната средина и врз животните – затоа Е.Д.Е.Н. цели кон редуцирање на антропогениот притисок врз животната средина и животните предизвикан од исхраната со животински продукти.

Иако сѐ уште нема финални податоци, научна претпоставка е дека пандемијата предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2 (но и пандемиите од SARS-CoV-1, MERS, птичјиот H5N1 и свинскиот грип H1N1, еболата и зика вирусот) се последица од злоупотребата на животните, т.е. се сметаат за причинети од начинот на кој современиот човек живее – експлоатирајќи и консумирајќи животни и уништувајќи ги нивните живеалишта. Според обемен корпус научни истражувања, утврдено е дека соодветно планираната веганска исхрана позитивно влијае врз човековото здравје, па дури и е препорачана за неутрализирање на одредени здравствени состојби (одделни типови на канцер, нарушувања на кардиоваскуларниот систем, дијабетес итн.). Истовремено, веганската исхрана се смета за единствен одржлив начин на живот и еден од клучните фактори за излез од глобалното затоплување (климатската криза).

Ги повикуваме сите заинтересирани поединци и правни лица кои би сакале да ја поддржат акцијата, да нѐ контактираат на нашата е-пошта eden.mk.org@gmail.com. Нека не бидат само 500 вегански оброци. Нека бидат многу повеќе! Да бидеме солидарни, да живееме одржливо! – велат од Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта

Филхармонија во четврток на 17ти септември 2020 година (20 часот) ќе одржи симфониски концерт на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!