Почетна / Серии / По две емитувања на Телма, сега серијата за Кочо Рацин репризно и на Алфа

По две емитувања на Телма, сега серијата за Кочо Рацин репризно и на Алфа

Црвениот поет, телевизиска серија за животот и делото на Коста Рацин, еден од великаните на македонската поезија од дваесеттиот век, еден од најреволуционерните патриоти и еден од најромантичните уметници што ги дала Македонија.

Два пати емитувана на Телма телевизија минатата година, а ова лето репризно и на Алфа од понеделник до петок по централните вести, во 18.10 часот.

Коста Солев Рацин, извонредно талентиран млад поет кој се осмелува да пишува и објавува своја поезија на македонски јазик и покрај строгите забрани во времето по Првата светска војна. Згора на тоа, прогласен комунист, уште една активност која тогаш е забранета од властите, што му носи дополнителни тешкотии. Приказната прикажува извонредна борба и херојски настани низ Втората светска војна. Сето тоа ќе има страшни последици за него и неговата поезија.

Серијата е во режија на Никола Поповски, сценарио на Сашко Насев, а е снимена во 2016 година. Нејзината контроверзност минативе години се должеше поради фактот што ја прикажува Бугарија како фашистичка држава во време на втората светска војна, што според владејачките партии (2017-2024) беше против договорот на добро пријателство.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто Охо продукција не сними нова сезона од „Преспав“ две ипол години?

Македонските гледачи уживаа со домашниот ситком “Преспав” од 2016-та година до почетокот на 2024-та година, …

error: Содржината е заштитена!