Почетна / Забава / Евровизија / Другата страна на вистината зад евровизискиот скандал со Васил

Другата страна на вистината зад евровизискиот скандал со Васил

Овој текст има за цел да ја открие другата страна на вистината околу наводниот скандал на нашиот претставник на Евровизија. Скандал преку кој гледаме дека и големи новинарски имиња не се обиделе да ги дознаат фактите. Да почнеме по ред.
A редот започнува минатата година, кога МРТ го избира за претставник Васил Гарванлиев.


-Во февруари 2020 година е објавено фамозното интервју на Васил со Вилијам Ли Адамс, сопственикот на фан страната wiwibloggs. Поминува точно една година и никој не реагира на тоа интервју тогаш, туку баш сега.
-МРТ како и останатите 25 земји од 40 земји учеснички решаваат нивниот претставник од 2020 година да биде истиот во 2021 бидејќи минатогодишното издание се откажа поради пандемијата.
-Наводното знаме во спотот, снимен во Даут Пашин Ам Ам, предизвика лавина реакции. Истите бои на знамето ги има и Италија од земјите учеснички на Евровизија, но ете, поради рекацијата, тој кадар е сепак  отстранет од спотот.


-Васил се додворувал да добие поени од Бугарија? Доволно е да се погледне само дека во првата полуфинална вечер во која ќе учествува Македонија, исто како и лани според ждрепката напрвена за 2020 година, останува да важи истаото и сега, за 2021.
Тоа значи дека Бугарија не е во истото полифинале со нас,. Бугарите настапуваат во второто полуфинале во четврток. Според правилата на ЕБУ во секое полуфинале гласаат само земјите учеснички и 3 земји од т.н. Голема петорка плус домаќинот, кои се директно пласирано во финалето. Значи за Васил да се додворува за бугарски гласови прво треба да помине од полуфинале во финале и дури тогаш може да се додворува на Бугарија за да земе гласови.
-Сето ова со интервјуто постоело од лани февруари 2020, а се проблематизира дури сега бидејќи некој сега ја пушта нивната пропагандна машинерија.
-Да сакале да го оцрнат нашиот претставник, можеле уште лани да го направат тоа или дури кога МРТ објави дека тој и оваа година ќе биде претставникот.

-други националности кои настапувале за други земји само во последните неколку години се на пример Елени Фуерира, Албанка која живее во Грција, а настапи за Кипар во 2018 година, па дури и со албанскиот претставник го прикажа албанскиот орел на слика. Потоа, Серхат, Турчин по потекло 2 пати ја претставуваше Сан Марино и тоа во 2016 и 2019. Ермал Мета, Албанец, кој живее во Италија настапи во 2018. Џони Мануел и Треј Кембел, Американци, дел од групата Еквинокс, беа претставници на Бугарија 2018.

Бен Долич, Словенец, беше претставник на Германија 2020, а Виктор Крон, Швеѓанец, беше претставник на Естонија 2019. Ѓон Мухамераџ или Ѓон Тирс, татко Албанец од Косово, мајка Албанка од Албанија, беше претставник на Швајцарија 2020 и 2021.

Ова е официјална статистика за само последниве години, а во текот на историјата ги имало многу повеќе случаи на претставници со повеќе националности.
И како во 2017 година на никој не му пречеше што композиторот Борислав Миланов, Бугарин, ја напишаа нашата, српската и бугарската песна за Евровизија? Да потсетиме и дека спотот на Јана Бурческа беше снимен во Бугарија. А и да споменеме дека нашиот композитор Дарко Димитров имал песни за Албанија и Србија, покрај песните кои ги правел за нашите претставнички имиња.


На крајот дали знаеме кои наши спортисти кои нè претставуваат надвор и се претставуваат под нашето знаме имаат албански, косовски, бугарски, српски или хрватски пасоши или пасоши на било која друга држава? И не само спортисти, туку било која јавна личност репрезент.

Пред фактите и Боговите молчат.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија ги испраќа девојките кои ја отпеаа „Фаворито“ на Евровизија

Заврши Беовизија 2020, српскиот избор за песна на Евровизија. Оваа година, девојките од женскиот бенд …

error: Содржината е заштитена!