Почетна / Сапуници / „Девојката” од Сител успеа да ги соедини Израел и Палестина

„Девојката” од Сител успеа да ги соедини Израел и Палестина

Од понеделник до петок во 22.30 часот, гледачите на Сител телевизија со големо внимание ја следат  префинетата играна драма за “Девојката од прозорецот”.

Болна и емотивна приказна за девојката растена во стаклено ѕвоно. Драма за богатата Налан која духовната болка почна да ја доживува по мигот кога стана невеста и се омажи за Седат.

И додека гледачите исчекуваат дали тајната од минатото ќе исплива на површина, некои земји веќе ја погледнаа приказната за оваа девојка. Па, како што пишувавме, серијата рушеше рекорди на гледаност во соседна Србија, а пред тоа беше откупена и од најголемата телевизиска мрежа на Блискиот Исток и северна Африка.

Па така, пред да започне воениот конфликт меѓу Израел и Палестина, во двете земји наголемо се гледаше оваа серија.

Како и Израелците, така и Палестинците беа сведоци на животната драма, работена по вистинска приказна, која за миг успеа да ги сплоти заедно пред тв екраните и да заборават на било какви геополитички аспирации и планови.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Πсихолошката драма „Невиност” продолжува на малите екрани

Базирана на вистинска приказна, “Невинoст” е психолошка драма, чии автори го следеа теркот на популарните …

error: Содржината е заштитена!