Почетна / Серии / Теленовели / Дејството кулминира, Роса во затвор во „Розевиот дијамант“ на Сител

Дејството кулминира, Роса во затвор во „Розевиот дијамант“ на Сител

Секое утро на Сител телевизија ја следиме теленовелата „Розевиот дијамант“, приказната за Роса која го украде идентитетот на нејзината најблиска пријателка за да го одржи ветувањето и да го заштити нејзиниот син. Во последните епизоди, дејството кулминираше и Барбара потпомогната од својата пријателка Марија Корина ја спречи свадбата меѓу Хосе Игнасио и Роса откривајќи ја вистината за нејзиниот идентитет.

Роса заврши во затвор, Хосе Игнасио растргнат меѓу љубовта и омразата, а членовите на семејството Сотомајор среќни. Дали Хосе Игнасио ќе дознае дека Едуардито е негов син и ќе и прости на Роса или ќе падне во канџите на злобната Барбарита? Ќе се остварат ли сомнежите на Ракел дека Роса е бебето со розевиот дијамант?

Од друга страна, додека Мартин и Лусија го планираат нивното бегство, госпоѓицата Маргарет го има оружјето со кое Родолфо го уби модниот Креатор Фредерико. Ќе успеат ли Лусија и Мартин да избегаат или ќе бидат фатени и казнети? Дали Маргарет ќе застане на страната на правдата или пак ќе го уценува Родолфо за да извлече повеќе пари?

Не пропуштајте ги највозбудливите епизоди секое утро во 10 часот со реприза дваесетина минути по полноќ и ќе дознаете кој е убиецот на Хорацио Вилареал, како и што следно ја очекува Роса во приказната за розевиот дијамант.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршува деветта сезона на „Долина на волците“ на Алфа

Вечерва, 17 мај, на Алфа телевизија ќе биде емитувана последната епизода од 9. сезона на …