Почетна / Серии / Популарниот српски ситком „Андрија и Анѓелка“ на 24 Вести

Популарниот српски ситком „Андрија и Анѓелка“ на 24 Вести

 

Првата серија на 24 Вести е српска комедија

 

“Андрија и Анѓелка” е српска хумористична серија, која во текот на 2015 и 2016 година се емитуваше на Прва телевизија во Србија и достигна голема гледаност и популарност. Во другите земји во регионот се прикажуваше на Прва (Црна Гора), РТЛ (Хрватска), Хајат (Босна и Херцеговина), а наскоро и во Македонија преку фреквенцијата на 24 Вести.

 

 

Многумина кои ја погледнале серијата ќе ја споредат со македонската “Сашка и Сашо”, своевремено емитувана на МТВ 1, но всушност серијата претставува адаптација на канадскиот ситком „Un gars, une fille“.

Содржина :
Андрија и Анѓелка, пар во своите средни триесетти, се типичен пример за тоа што се случува кога маж и жена живеат заедно. Иако со години се во врска и искрено се сакаат, сепак често еден на друг си одат “на нерви”, без разлика дали се наоѓаат во спалната соба, во супермаркет или на вечера со пријателите.

 

 

Нивните желби и хирови се потполно различни, а типично машко-женските погледи кон светот предизвикуваат лавина на несогласувања и препирки за разно разни прашања околу сексот, љубомората, парите, децата, нивните пријатели, обврските во домот итн. Во секој случај, за Андрија и Анѓелка нема табу тема, туку секое прашање од животот за нив е урнебесна слика на модерното живеење.

 

Улоги : Андрија Милошевић и Анђелка Прпић

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на Нејви доаѓа во правната драма „Бул“ на Фокс Крајм

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!