Почетна / Забава / Евровизија / Дали Косово ќе оди на Евровизија во 2025-та, а Македонија не ?

Дали Косово ќе оди на Евровизија во 2025-та, а Македонија не ?

Косово со сегашниот статус не може да учествува на Евровизија иако се обидува со години да стане членка на ЕБУ. Сепак, јавниот сервис РТК планира пат за учество на Евровизија веќе во 2025 година. Косово ја повтори својата желба да учествува следната година во Швајцарија.
Прво, РТК треба да стане членка на ЕБУ за да добие право да учествува на Изборот за песна на Евровизија. Доколку Косово ја помине оваа прва пречка, фестивалот Festivali i Këngës në RTK (кој за првпат се одржа оваа година) најверојатно ќе биде националната селекција за Косово. Музичкиот фестивал ќе го прослави своето второ издание под диригентство на Адријан Краста.

Во најновото соопштение на РТК стои:
” Управниот одбор и менаџментот на РТК континуирано работеа на ова прашање и беше овозможено да се обезбеди поддршка од многу земји. Сепак, тие признаваат дека некои земји сè уште не го признаваат Косово, и не би сакале да и дозволат на земјата да учествува.
Косово ќе треба да стане членка на Европската радиодифузна унија. За да биде примен, мора да се приклучи на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) или на Советот на Европа. Косово сè уште не ги исполнил овие барања поради делумното меѓународно признавање. ”
La Fazani победи на првото издание на Festivali i Këngës në RTK со неговата песна „Ој Косово“. Во својата песна тој во еден ред го спомнува Евросонг во кој споменува дека поради моменталната ситуација не можел да ја претставува својата земја на европскиот фестивал.

Бидејќи Србија и јавниот сервис РТС се респектирана членка на ЕБУ, како и јавните сервиси на Шпанија и Грција кои не го признале Косово, останува прашањето како оваа земја би учествувала. Македонија која е членка на ЕБУ, веќе втора година по ред не учествува на овој музички спектакл. Сите наши соседи со исклучок на Бугарија учествуваат на овој фестивал и подготовките ги започнуваат кон крајот на летото и во есента за наредната година.

Голем број евровизиски фанови бараат враќање на помалите земји меѓу кои и Македонија, бидејќи сакаат разноликост и вистинско претставување на европксите земји на овој фестивал. Скандалозни учества имало отсекогаш на овој фестивал, но во последно време многу земји имаат неверојатен успех на светско ниво, како победниците на Италија од 2021, Манескин.
Многу песни по завршувањето на Евровизија се наоѓаат на високи места на топ листите во скоро сите земји.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора е прва држава што ќе избере претставник за Евровизија 2025

По пауза од две години, Црна Гора ќе има свој претставник на Евровизија 2025 година …

error: Содржината е заштитена!