Почетна / Серии / Теленовели / Фото | Само за плакнење на очи – згодниот Синан од „Ќерките на Фазилет“

Фото | Само за плакнење на очи – згодниот Синан од „Ќерките на Фазилет“

Изминатава недела на телевизија Сител започна со емитување новата играна успешница “Ќерките на Фазилет”, која покрај интригантната приказна, успева да освојува и со низата убави и млади глумци.

Еден од нив е Алп Навруз, кој во серијата го толкува ликот на Синан Егемен, еден од синовите на богатата фамилија во која после појавувањето на Фазилет и нејзините ќерки, ништо нема да биде исто како порано.

Роден е на 15 јануари 1990 година, а дипломирал турски јазик и книжевност. Се знаимава со стрелаштво, манекенство и пливање, а неговите фотографии на социјалните мрежи достигнуваат и до 600 000 следбеници.

Вистинска слава доживува со улогата на заводникот Синан во турскиот мега хит “Ќерките на Фазилет”, каде со својата појава успеа да го оддушеви нежниот дел од публиката и да ги натера дамите да се запрашаат – дали Бали бег паѓа во сенка покрај овој нов убавец?

Атлетска градба, црна коса, хипнотизирачки поглед и насмевка која ги разоружува и најледените срца. Mаркантно атрактивниот Синан е веќе сериозна конкуренција на многу турски глумци кои сме имале прилика да ги следиме во сериите.

 – Се занимавам и со пишување поезија. Песни пишувам уште од мал. Освен оние најчестите теми, љубовните, ме интересираат и други теми. Пишувам за сето она што го прави животот важен. Емоции, комуникации, искуства. Тие с емојот мал емоцинален вентил. Некој пишува дневник, а јас своите песни ги доживувам како разговор со имагинарниот пријател. Оној пријател на кој можам д аму речам буквално се – открива Алп, додавајќи дека неговите песни се посебни и досега никој немал прилика да ги прочита.

Згодниот актер досега не бил вљубен вистински и е во потрага по совршената девојка. Не почувствувал никогаш пеперутки во стомакот и затоа се плаши од љубовта.

Девојките со кои имал врски и афери не оставиле битна трага во неговиот живот, затоа што многу од нив по 5 минути разговор докажале дека поседуваат само физичка убавина, но не и разум.

Следете го вашиот нов миленик од понеделник до петок на Сител телевизија во 20.45 часот и дознајте како ќе се развива текот на приказната. Дали неговото срце ќе попушти пред Хазан или неговиот боемски живот ќе продолжи онака како што сите го запознавме?

Гледајте го мега хитот “Ќерките на Фазилет”, ексклузивно и само на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Згодниот Саваш од хит серијата „Мерием“ e познат турски модел

Роден е 1990 година во Истанбул, а популарност стекнува како модел и актер во познати …