Почетна / Забава / Авалон со известување : Кога и како да дојдете на Ohrid Calling

Авалон со известување : Кога и како да дојдете на Ohrid Calling

За да нема било какво отежнување на влезот во касарната каде ќе се одржува фестивалот OHRID CALLING, Авалон ги информира посетителите дека улицата која води до главниот влез од касарната ќе биде затворена за возила и нема да има паркинг. Во продолжение прочитајте го известувањето :

За да избегнете било какви гужви, ве молиме да не доаѓате до вашите возила, туку користете такси превоз. Сите оние што имаат набавено блок влезници, а сè уште немаат направено замена со нараквици, замената ќе може да ја направат и денеска на билетарата на главниот влез пред касарната.

Потсетуваме дека вратите ги отвораме точно во 19 часот, а фестивалот ќе започне во 20 часот и ќе го отвори dj Felicity. Во 21 часот следи настапот на Галоски, а веднаш потоа, во 22:30 часот на сцена ќе го видиме STEVE AOKI! Забавата продолжува со настапите на Maurice West и Hugel!
Дојдете навреме и резервирајте си го најубавото место!

Се гледаме на фестивал!

Тимот на Ohrid Calling

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …