Почетна / МК Сцена / Видео | Пред концертот во Охрид, Лозано го објави хитот за лето 2019

Видео | Пред концертот во Охрид, Лозано го објави хитот за лето 2019

На само еден ден пред неговиот голем концерт закажан за на 2-ри август на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, големата музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна. “Не те вадам од памет” е насловот на летниот хит, а се разбира и овој пат како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.


За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него главната улога ја има и една од најубавите девојки во Македонија, Мартина Михајловска.
Ова е нешто ново и можеби поразлично од мене досега. Убеден сум дека ќе ѝ се допадне на публиката и со нетрпение чекам да ја испеам на концертот на стадионот “Билјанини извори” – вели Лозано во неговата куса изјава.

Инаку организаторите на концертот, “Прагма Продукција” најавуваат вистински музички спектакл, а Лозано ќе биде запишан како првиот домашен изведувач кој ќе настапи на охридскиот стадион и тоа на најголемиот македонски празник – Илинден! Вратите на стадионот се отвараат во 19 часот, а пред Лозано на големата бина со свои настапи ќе се претстават неговите помлади колешки, Антониа Гиговска и Лина Пејовска.


Влезници се уште може да купите преку продажната мрежа на “kupikartizase.com”, на плоштадот во Охрид, како и на вратите на стадионот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Ќе те сакам“, нова песна со спот на „Либеро бенд“

Интересен  проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од „Либеро бенд“. …