Почетна / Серии / Безбедноста на Њујорк ќе ја одржува „ФБИ“ во новата серија на Fox Crime

Безбедноста на Њујорк ќе ја одржува „ФБИ“ во новата серија на Fox Crime

“ФБИ” е американска телевизиска серија, креирана од Дик Волф и Крег Турк која својата премиера ја имаше на 25 септември 2018 година на каналот CBS.

Oва е серија за внатрешното функционирање на љујоршкото Федерално истражно бито. Оваа елитна екипа на ФБИ агенти ги користи сите средства, интелигенција и најнови технологии како би ја одржала безбедноста на Њујорк на највисоко ниво, борејќи се со тероризам, организиран криминал и контраразузнавање.

Роденa во семејство на агенти за спроведување на законот, специјалната агентка Меги Бел длабоко се посветува на луѓето со кои работи, како и на оние што ги заштитува. Нејзин партнер е специјалниот агент Омар Адом Зидан, кој поминаl две години во одделот за дрога ДЕА пред да биде одбран од тимот на ФБИ. Над овие агенти како надзор ја гледаме Дана, a тимот ги вклучува и брилијантната аналитичарка Кристен, асистентот Џубаи и други.

Следува серија со многу акција, непредвидливи ситуации и адреналин. Од понеделник до петок на Фокс Крајм во 23 часот ги следиме акциите на “ФБИ”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според веб страната, на Алфа премиерно оди серија која веќе завршила

Доколку ја посетите веб страната на телевизија Алфа, ќе забележите најава за српската серија Прваци …

error: Содржината е заштитена!