Почетна / Телевизија / ТВ Лица / Јавен повик за ангажирање соработници на МРТ

Јавен повик за ангажирање соработници на МРТ

Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија објавува јавен повик до сите заинтересирани физички лица кои сметаат дека можат да дадат свој придонес во креирањето на програмската понуда на јавниот сервис.

Доколку сте професионално определен како новинар, репортер, водител на програма, спикер, лектор, снимател, техничар, тонец, продуцент или пак, имате искуство во кој било друг сегмент од процесот на производство и емитување на програма, ве поттикнуваме да ја доставите вашата работна биографија (CV) на следната електронска адреса: [email protected] каде што јасно треба да биде наведен вашиот контакт.

Нагласуваме дека сите кандидати коишто ќе се пријават на Јавниот повик се добредојдени и ќе бидат повикани на разговор во просториите на МРТ.

Условите за вашиот евентуален ангажман во Македонската радио телевизија ќе бидат утврдени по завршената финална селекција на пријавените кандидати.

Јавниот повик останува да важи на неопределено време.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наташа Стојановска е нов главен и одговорен уредник на Телма

Наташа Стојановска од сега е главен и одговорен уредник на телевизија Телма Почитуваната Стојановска ја …

error: Содржината е заштитена!