Почетна / Забава / Aвалон го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18-ти јуни

Aвалон го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18-ти јуни

Драги наши,
Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на ДАЈТЕ МУЗИКА ќе се одржи на нова дата- 18-ти јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје!

Имено, безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен!

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

Ви благодариме на разбирањето и се гледаме на 18-ти јуни на стадионот на АРМ!

Авалон Продукција

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Zase.mk одбележа 10 години постоење!

Пејачи, новинари, водители, музичари, тонци, светлаџии, водоводџии, монтажери, но и директори беа дел од прославата …

error: Содржината е заштитена!