Почетна / МК Сцена / Видео | Србија на колена – наша Каролина освојува со новиот хит

Видео | Србија на колена – наша Каролина освојува со новиот хит

Новиот емотивен мега хит на македонскиот супер бренд Каролина Гочева го освојува регионот. Не постои телевизиска станица во соседна Србија каде песната не се промовираше.

Српските радио станици наголемо ја пуштаат “Мог живота дио”, а српската публика едногласно посочи – Македонското девојче конечно ни се врати на голема врата.

Ѕвездата се претстави онака како што доликува на една дама – гламурозно, стилизирано и светски.

Во една од емисиите на српските телевизии, Гочева ја отсвири и запеа нејзината песна, а публиката ја поздрави со громогласен аплауз.

Каролина Гочева сега и засекогаш.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фолк Фест Валандово 2026 ќе биде едно од најсилните изданија

Валандово на 26. и 27. мај повторно ќе биде центар на македонската народна песна. Фолк …

error: Содржината е заштитена!