Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Кипар на Евровизија со модерна рок поп песна „Alter ego“

Видео | Кипар на Евровизија со модерна рок поп песна „Alter ego“

 

“Alter ego” на бендот Минус еден – претставници на Кипар

 

Оваа островска земја својот прв настап го имаше уште во 1981 година. Највисокото место кое го имаат освоено е петто, кое го имаат освоено три пати (1982, 1997 и 2004 година). Годинава тие своето учество го поврдија на 1 септември минатата година. Иако тие лани имаа значително долготраен процес на избор за претставник на Евровизија, кој траеше околу 9 недели по талент шоу принцип, тие годинава се решија да го одберат интерно својот претставник.

 

 

Бендот Minus One беше одбран за нивен претставник, а песната Alter Ego беше снимена во студиото на познатиот евровизиски композитор Thomas G:son во Шведска. Интересната комбинација на поп и рок веќе наиде на позитивни критики кај слушателите, изјавувајќи дека ова е модерна рок песна која дефинитивно вреде да се слушне повеќе од еднаш.

 

 

Minus One е Кипарски рок бенд формиран во 2009 година. Тие ја почнуваат нивната кариера како бенд со преработени песни. Минатата година беа дел од националниот избор за Песна на Евровизија со песната Shine но завршија на третото место. Во февруари годинава, фронтменот на групата Франсоа Микелето беше одбран од француската верзија на The Voice.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …