Почетна / Телевизија / Сите без зборови, Мартија е дефинитивно победник на „Ѕвездички“

Сите без зборови, Мартија е дефинитивно победник на „Ѕвездички“

 

Maртија се пласираше во 7. круг со песна на Тамара

 

Македонската учесничка во “Пинкови ѕвездички” – Мартија од Куманово, и во шестиот круг покажа и докажа дека е најдобра оваа сезона. Девојчето кое ја фасцинираше балканската јавност со својот глас, стас и однос на сцена, и овојпат ги заслужи аплаузите од публиката во салата и воздишките на жири комисијата.

 

 

Повторно во ново светло, Мартија ја отпеа “Make it rain” од Ed Sheeran. По првите отпеани ноти, жирито ги подигна своите столчиња. “Како пее ова дете” беше првиот коментар на Гоца Тржан, по што следеа врисоци и аплауз од сите во салата.

 

 

Аплаузот не запре ниту во втората песна (Teшко без тебе – Тамара Тодевска), а за нејзините таленти и изведби, и ние сме без никаков коментар. Се’ што би напишале дополнително, би било малку, Мартија е дефинитивно победник на ова шоу и идната македонска ѕвезда.

 

 

Коментарите на жирито ќе ги гледате во емисијата на Сител во понеделник во 21.45 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …