Почетна / Сапуници / Најновите серии на Вилијам Леви го освоија цел регион

Најновите серии на Вилијам Леви го освоија цел регион

Миленикот на публиката Вилијам Леви повторно е едно од најпрепознатливите лица на малите екрани.

По големите латиноамерикански хитови со кои се прослави пред повеќе од една деценија, кубанскиот актер во последните години се врати со неколку нови продукции кои најдоа свој пат и до телевизиите ширум нашиот регион.

Македонските гледачи во моментов го следат Леви во „Кафе со мирис на жена“ (Café con aroma de mujer) на Телма, каде ја толкува улогата на згодниот Себастијан Ваљехо.

Новата верзија на славната колумбиска теленовела беше снимена во 2021 година, со Лаура Лондоњо во улогата на Гавиота и Кармен Виљалобос како Лусија.

Но „Кафе со мирис на жена“ е само еден од поновите проекти со кои Леви повторно го привлече вниманието на љубителите на латиноамериканските серии. Особено внимание кај регионалната публика привлече „Vuelve a mí“, позната во Хрватска под насловот „Zauvijek zajedno“.

Во оваа романтична драма Леви го гледаме како Сантијаго, а негова партнерка е Самади Зендехас. Приказната започнува со исчезнувањето на синот на Нурија, по што нејзиниот живот се испреплетува со оној на Сантијаго.

Серијата доби место и на државната ХРТ, каде се емитуваше на првата програма со голем успех, од понеделник до петок.

„Vuelve a mí“ стигна и до други телевизиски пазари во голем дел од Европа, со што уште еднаш се потврди дека интересот за Вилијам Леви не исчезна со завршувањето на златниот период на класичните теленовели.

По „Кафе со мирис на жена“, Леви направи уште еден интересен чекор во кариерата со мини серијата „Montecristo“, модерна адаптација на бесмртниот роман „Грофот Монте Кристо“ на Александар Дима.

„Montecristo“ е модерна драмска мини-серија од само шест епизоди, во која Леви е и главен актер и извршен продуцент. Тој го игра мистериозниот Алехандро Монте Кристо, успешен и неверојатно богат човек зад чија појава се крие минато кое постепено почнува да излегува на виделина.

Серијата премиерно беше прикажана во 2023 година на ViX, а потоа започна и нејзиното меѓународно патување. Правата беа продадени и на европски телевизии, меѓу кои ProTV за Романија, TV2 Group за Унгарија, К1 за Србија, бТВ за Бугарија, Клан за Албанија.

Некогаш публиката го паметеше по наслови како „Cuidado con el ángel“, „Accoradala, „Sortilegio“, „Passion“, „La Tempestad“ и „Triunfo del amor“, а денес една нова генерација го запознава преку „Кафе со мирис на жена“, „Vuelve a mí“ и „Montecristo“.

Токму успехот на овие продукции покажува дека интересот за латиноамериканските серии во регионот не исчезнал. Се промениле технологиите на снимање, начинот на раскажување и телевизиските навики, но познатите лица и добрата приказна сè уште умеат да ја привлечат публиката.

За македонските гледачи, засега актуелна е приказната на Себастијан и Гавиота во „Кафе со мирис на жена“, која Телма ја емитува од понеделник до петок во 20:30 часот.

Останува да видиме дали по успехот на „Кафе со мирис на жена“, уште некоја од поновите серии на Вилијам Леви ќе го најде својот пат токму на фреквенцијата на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерката од „Очи како Црно море“ повторно во врска со свој колега

Турската актерка Узге Јагиз, која публиката ја гледа како Ѓунеш во викенд серијата „Очи како …

error: Содржината е заштитена!